Кошничка 0 items - 0.00 ден 0
Кошничка 0 items - 0.00 ден 0

За Нас

Добредојдовте во БК5
галенска лабораторија!

Ние работиме во лабораторија која е посветена на користење на локални суровини со цел создавање на креативни и иновативни фармацевтски и козметички производи и комплементарни рутини прилагодени на вашата кожа. Нашето име, БК5, е одраз на посветеност и развој на галенски производи кои што се уникатни, одржливи и ефективни.

Со локација во Крива Паланка, С.Македонија, нашата лабораторија се наоѓа во предел кој изобилува со природни ресурси, кои внимателно ги избираме и интегрираме во нашите производи. Како мал, но вреден тим водени сме од пасијата за искористување на огромниот потенцијал на локалните природни богатства и настојуваме да ги искористиме и одржиме природните богатства преку изработка на одржливи производи. Како лабораторија сме горди што ги следиме традиционалните галенски методи кои ги комбинираме со модерните научни трендови и според пропишаните стандарди на индустријата. Па така и нашите производи се безбедни, ефикасни и во согласност со стандадите за одржување на средината.
Како лабораторија сме горди што ги следиме традиционалните галенски методи кои ги комбинираме со модерните научни трендови и според пропишаните стандарди на индустријата. Па така и нашите производи се безбедни, ефикасни и во согласност со стандадите за одржување на средината.
Се фокусираме на локални ресурси, како природни така и човечки. Па така, соработуваме со локални добавувачи, компании и бизнис партнери кои се со нас повеќе од 30 години. Тоа е нашиот начин за придонесување за социо-економскиот развој на овој регион.

Иако галенската лабораторија е новитет во нашиот бизнис, таа е дел од Аптеки Мелиса кои постојат повеќе од 30 години и успешно работат со партнери во фармацевтската индустрија. Нашата визија како галенска лабораторија е да дојдеме до ниво на глобален партнер во оваа сфера и да ги пласираме локалните производи на глобалниот пазар

mk_MKMK